„Кикс“ на Јувентус во битката за врвот, освои само бод во Џенова (ВИДЕО)

Јувентус направи чекор назад во битката за првото место на титулата, откако одигра само 1-1 на гостувањето во Џенова кај истоимениот тим.

Иако добро тргна „Старата дама“ и водеше на теренот на противникот, сепак, домашните успеаја да стигнат до еден бод со гол во раната фаза од вториот дел.

Киеза од пенал во 28. минута го израдува Јувентус, и донесе голема предност. Гудмундсон во 48. минута успеа да израмни по една супер акција на домаќините.

До крајот на мечот, Јувентус се обиде да дојде до победата, но не успеа, и сега Интер има шанса дополнително да ја зголеми разликата на првото место на табелата во Серија „А“.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...