Нант му нанесе болен пораз на Лил во 26. коло од француското првенство славејќи со 1-0 во натпревар во кој домаќините останаа и со фудбалер помалку.
Црвениот картон на Кастелето во 74. минута сепак не го спречи Мостафа Мохамед да ја затресе мрежата на противникот во 83. минута и да го постигне единствениот гол на средбата.
Со овој пораз Лил испушти шанса да се искачи на делба на третата позиција на табелата, додека Нант забележа важен триумф за избегнување на битката за опстанок.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА