„Кикс“ на Марсеј на домашен терен, сега заостанува девет бодови од ПСЖ

Олимпик Марсеј одигра само нерешено 1-1 против Стразбур на свој терен, и наместо да ја намали, сега ја зголеми разликата во однос на ПСЖ на првото место на табелата.

Така тимот на Де Зерби сега заостанува девет бодови од првото место каде што се наоѓа ПСЖ, кој и натаму е единствен тим без пораз во Франција.

И повторно Гринвуд е спасител на Олимпик Марсеј, откако во 68. минута погоди од белата точка за израмнување. Претходно Стразбур имаше предност со гол на Емега во 23. минута.

Инаку во вториот дел Стразбур беше поблиску до победата, откако имаше подобри шанси во вториот дел, но не успеа да ги реализира.

Се вчитува...