Милан испушти значајни бодови во битката за излез во европските натпреварувања следната сезона откако на домашен терен во 26. коло од Серија А ремизираше со 1-1 против Салернитана.
Жиру во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме го доведе Милан во водство, а предноста од 1-0 остана на семафорот се до 61. минута кога Диа стрелаше за изеначување. Во 70. минута по преглед на ВАР, Милан остана беа пенал, а до крајот на натпреварот Салернитана одолеа на налетот за голем бод во Милано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА