Борусија Дортмунд не успеа да слави на гостувањето против Вердер во Бремен, па само ремизирајќи (1-1) ќе очекува на официјализирањето место во Лигата на шампионите за следната сезона.
По ремито на „милионерите“, се уште надеж за место во ЛШ има и Баер Леверкузен кој е на еден бод од Хофенхајм а на четири бода од Дортмунд, кои се на местата кои водат во најквалитетното европско клупско натпреварување.
Марко Ројс во 19. минута донесе предност за Борусија Дортмунд, но домашните успеаја да израмнат со голот на Томас Дилејни во 45. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА