Кикс на Оклахома, Сакраменто го победи Милвоки после осум години (ВИДЕО)

Екипата на Денвер се врати на делба на првото место на Западот во НБА, откако Оклахома беше поразена дома од Индијана со 121-111.

Индијана до победа ја водеше Тајрис Халибартон со 18 поени и 12 асистенции, додека Мајлс Тарнер беше најефикасен со 24 поени. Со овој пораз сега Оклахома го дели првото место со Денвер со скор 45-20.

Зад нив е тимот на Минесота со натпревар повеќе и со скор 45-21, откако славеа во текот ноќеска над Клиперс и тоа на гости. Минесота успеа да се врати од негатива од 22 поени и на крајот да слави во Лос Анџелес. Ендони Едвардс уфрли 37 поени.

Конечно, Сакраменто го скрши малерот откако славеше над Милвоки, првпат после осум години. Црната серија траеше 15 меча, и тоа беше најдолгата низа брз победи на една екипа во НБА.

РЕЗУЛТАТИ:

Њујорк – Филаделфија 106-79
Мемфис – Вашингтон 106-91
Оклахома – Индијана 111-121
Сан Антонио – Хјустон 101-103
Јута – Бостон 107-123
Ла Клиперс – Минесота 100-118
Сакраменто – Милвоки 129-94

Се вчитува...