Тимот на ПСЖ направи огромен кикс во 13. коло од францускиот шампионат, откако не успеа на домашен терен да го победи Нант, кој е меѓу последните три екипи во моментов на табелата, играјќи само 1-1.
Кога Хакими во 2. минута успеа да го отвори резултатот, малкумина кој сметаше дека „светците“ нема да дојдат до триумфот на крајот.
Аблин во 38. минута го совлада Донарума и го шокираше актуелниот француски првак. И по израмнувачкиот гол, сите сметаа дека ПСЖ ќе дојде до уште еден погодок, и до победата, но тоа не се случи, иако имаа целосна доминација и во играта, и во шансите, но пропуштија многу можности за трите бода.
И покрај овој „кикс“ не се промени многу, ПСЖ и натаму има голема предност на првото место на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

