Кикс на Шалке против „фенерџијата“ Падерборн

Шалке 04 пропушти можност за приклучок кон водечката четворка во Бундеслигата, откако во 21. коло пред своите навивачи во „Велтинс арената“ во Гелзенкирхен ремизираше (1-1) со Падерборн.

Шалке до предност дојде со голот на Кутучу во 63. минута, но Ѓасула во 81. минута успеа да донесе израмнување за гостите.

„Фенерџијата“ Падерборн на тој начин освои значаен бод на тешкото гостување во битката за опстанок сезонава. Но, значајни три бода во битката за опстанок освои и Мајнц со победата од 1-3 на гостувањето против Херта.

РЕЗУЛТАТИ – 21. КОЛО

Фрајбург – Хофенхајм 1-0

Херта – Мајнц 1-3

Шалке 04 – Падерборн 1-1

Вердер – Унион Берлин 0-2

Волфсбург – Фортуна Д. 1-1

Баерл Л. – Борусија Д. (18:30 ч.)

Се вчитува...