Шведски АИК успеа да се врати во игра на арената „Тодор Проески“ во Скопје со надеж за останување на европската сцена, израмнувајќи го резултатот со Шкендија во 56. минута од второто полувреме.
Кикс на голманот на Шкендија, Костадин Захов кој по едно нафрлување од десната страна дозволи да му отпадне топката од рацете, па Ајари беше присебен израмнувајќи на 1-1.
И првиот натпревар во Стокхолм меѓу двете екипи заврши без победник, 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА