Третиот голман на Њукасл, Лорис Кариус ќе добие шанса да брани за тимот, и тоа не било каде, туку во големо финале на едно натпреварување. Германецот би требало во недела да добие шанса да брани против Манчестер Јунајтед во финалето на Карабао Купот во Лондон.
Првиот голман на „страчките“ Ник Поуп на натпреварот со Ливерпул доби директен црвен картон, и нема да може да игра на следните три меча. Неговата замена Мартин Дубрав ка нема да биде во конкуренција затоа што веќе бранеше во Лига Купот, и тоа во дресот на Манчестер Јунајтед.
Затоа сега прва опција за Њукасл е токму Кариус, кој нема брането цели две години за Унион Берлин, додека и натаму нема настап во дресот на Њукасл.
„Причината што го донесовме е неговото искуство во големи натпревари. Немам никаков сомнеж во неговата способност да ја одработи задачата како што треба“, изјави менаџерот на Њукасл, Еди Хау.
Кариус ќе остане запаметен по „киксовите“ на дуелот со Реал Мадрид во финалето во ЛШ во 2017 година во Киев. Неговите грешки го чинеа Ливерпул трофеј во големото натпреварување, а откако Ливерпул го ангажираше Алисон, веќе следната година го освои големиот трофеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

