Киксеви на фаворитите: Гостивар и го нанесе првиот пораз на Шкендија, само реми за Шкупи и за Струга ТЛ против „фенерџиите“ (ВИДЕО)

Киксеви на фаворитите во 7. коло од Првата македонска фудбалска лига. Лидерот Шкендија загуби од Гостивар со 3-1 на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, Струга ТЛ само ремизираше (1-1) во езерското дерби против Воска Спорт, а Шкупи исто така дојде само до бод во дуелот со Беса (1-1).

Гостивар ја шокираше Шкендија триумфирајќи со 3-1, и нанесувајќи им го првиот пораз сезонава на црвено-црните.

Голема грешка на голманот на Шкендија, Амзаи, кој во 21. минута подари пред својот гол една топка на противничката екипа. Одлично реагираше Огузхан кој мајсторски стрелаше од 16 метри за водство од 1-0 на гостиварци.

Само што почна второто полувреме и Марко Симоновски одлично се снајде од непосредна близина и со глава постигна погодок за предност од 2-0 на Гостивар.

Шкендија единствено со погодокот на Бесарт Ибраими во 87. минута успеа да се понадева, но во 90. минута Гостивар заокружи за конечни 3-1 со голот на Алдаир од пенал.

На Чаир, Шкупи киксираше против Беса. Чаирчани со голот на Едмундсон во 24. минута од средбата имаа водство по првото полувреме.

Но, во самиот финиш, во 82.минута Беса со прекрасна акција во три потези успеа да дојде до конечни 1-1 со голот на Хисар Али.

И Воска спорт на дуелот во Охрид дојде до бод против шампионот Струга ТЛ. Охриѓани поведоа со 1-0. Абдулхади Јахја одлично искористи една подарок-топка и со мајсторија од 18 метри погоди за 1-0 на Воска…

Сепак, Марјан Радески со погодокот во 67. минута успеа да донесе израмнување и бод за својата екипа.

Немаше голови на натпреварите во Струмица меѓу АП Брера и Тиквеш и во Битола меѓу Пелистер и Работнички.

ПМФЛ – 7. КОЛО
Скопје: ГОСТИВАР – ШКЕНДИЈА 3-1
Огужан 21′, Симоновски 47′, Алдаир 90′ (п) – Ибраими 87′
Струмица: АП БРЕРА – ТИКВЕШ 0-0
Скопје: ШКУПИ – БЕСА 1-1
Едмундсон 24′ – Али 82′
Битола: ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ 0-0
Охрид: ВОСКА СПОРТ – СТРУГА ТЛ 1-1
Јахја 49′ – Радески 67′
Скопје: ВАРДАР – СИЛЕКС (20 ч.)

Се вчитува...