Нокаут фазата од Лигата на шампионите стартуваше вечерва со германската пресметка меѓу Кил и Некар Левен, дуел во кој славеше тимот на нашите Манасков и Талески со резултат 24-25. Манасков не влезе во ира, а Талески нема право за настап во ЛШ за „лавовите“, кои одиграа одличен меч пред се благодарение на голманот Паличка. Шведскиот репрезентативец беше максимално мотивиран против својот поранешен клуб, па во салата на Кил блесна во најсајно светло, влегувајќи во ритам од самиот почеток до крајот на мечот, носејќи им ја победата на гостите од Манхајм.
Мора да се истакне дека Кил на овој натпревар настапи без повредените Дувњак и Хансен, чие отсуство се почувствува како во нападот, така и во одбраната. „Зебрите“ имаа само едно единтвено водство, од 4-3, за потоа гостите да преземат контрола. Некар Левен благодарение на Паличка (13 одбрани во првото полувреме) замина на одмор со предност од 10-12, Кил на самиот старт од вториот дел намали и на 11-12, но потоа следеше серија на гостинскиот состав од четири гола, со што „лавовите“ стигнаа до солидна предност. Гостинскиот состав имаше најубедливи шест гола позитива (13-19), но Кил покажа карактер и на три минути до крајот стигна на само „минус еден“ (22-23).
Судиите во наредниот напад го исклучија Винцек, а Анди Шмит ја искористи предноста од играч повеќе и со својот четврти погодок ја врати самодовербата кај гостинскиот состав. Билик со седмиот гол ја врати неизвесноста, но Некар Левен одигра одличен напад што го реализираше преку Пекелер, за осигурување на победата на ова германско дерби во Лигата на шампионите,, изразена со конелни 24-25.
Билик со седум гола беше најефикасен кај Кил, додека покрај голманот Паличка најдобар поединец кај Некар Левен беше Ким Екдал ду Риц со шест погодоци од исто толку обиди.
Пред реваншот во Манхајм тимот на Некар Левен се наоѓа поблизу до четвртфиналето, но останува да се види дали „лавовите“ ја научиле ланската лекција кога во првиот меч славеа во Загреб, за потоа да загубат пред своите гледачи и да бидат елиминирани од елитното европско натпреварување.
Подобриот од овој двомеч во четвртфиналето ќе се сретне со екипата на Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА