Кил успешно ја стартуваше новата сезона во Лигата на Шампионите, рутински триумфирајќи на гостувањето против Загреб со убедливи 23-30. Германскиот тим има проблеми на стартот од Бундес-лигата, но затоа во ЛШ почна без многу мака, пред се благодарение на супериорното прво полувреме во кое Кил отвори со предност од 1-5, потоа зголеми на 4-10, за во еден момент да има и девет голови предност (5-14).
На одмор се замина со водство на германскиот гигант од 9-16, што избраниците ан Филип Јиха рутински го задржаа до самиот крај за лесна победа во главниот град на Хрватска. Винчек беше незапирлив на линијата од шест метри постигнувајќи осум погодоци за Кил, додека Билик постигна пет гола за Кил. Кај Загреб, најефикасен во денешниот пораз беше Дибиров со четири гола од вкупно осум обиди.
Понеизвесно беше во Сегед, каде домашниот тим по голема борба загуби од ПСЖ со резултат 29-31. „Светците“ беа подобри во првото полувреме со 13-16, но Сегед не се откажа до самиот крај. Унгарците на една минута до финишот намалија на 29-30, но Балагер го постигна клучниот гол за ПСЖ ставајќи печат на победата. Сипжак со шест гола ги предводеше стрелците на ПСЖ, пет погодоци постигна Тонесен, додека најдобар поединец на Пик Сегед беше Марио Шоштариќ со девет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА