Германскиот ракометен гигант Кил продолжи со потпишувањето на договори со своите клучни ракометари, откако денеска ја продолжи соработката со Никола Билик.
Актуелниот договор на австрискиот бек истекуваше на крајот од сезонава, но двете страни најдоа заеднички јазик за Билик да остане во Кил до јуни 2024 година.
„Пресреќен сум што ќе продолжам да го живеам мојот сон од детството. Се надевам дека и во наредните години ќе дадам свој придонес за успесите на Кил“, изјави Билик по потписот на новиот договор.
Австрискиот „бомбардер“ како член на „зебрите“ стигна до две титули во Купот на Германија, како и пехари во Лигата на Шампионите и во ЕХФ Купот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА