Кил го доби големото германско дерби против Магдебург

Ракометарите на Кил стигнаа до голема победа на гостувањето кај актуелниот шампиона Магдебург од 24-29 во дерби натпреварот од 3. коло во новата сезона во германската Бундеслига.

Првото полувреме се играше буквално без одбрани, па и во оваа игра за нијанса подобри беа гостите кои на пауза заминаа со минимална предност од 15-16. Во вториот дел Кил одигра неверојатно во одбраната, па тоа беше и повеќе од доволно за конечен триумф од 24-29.

Емил Мадсен со девет гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Муше постигна осум гола.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...