Ракометарите на Кил остануваат перфектни во новата сезона во Лигата на шампионите откако вечерва на домашен терен во дербито на рундата славеа на домашен терен над полскиот Кјелце со 35-31.
Откако домаќините поведоа со 2-0 на самиот старт, првото полувреме течеше во израмнета игра во која на крајот за нијанса подобри беа гостите кои на пауза заминаа со минимална предност од 15-16.
Во вториот дел бундеслигашот заигра многу подобро, што на крајот беше доволно за четврти триумф сезонава во елитното натпреварување од исто толку одиграни натпревари. Јохансон и Елефсен со седум гола беа најпрецизни во победничкиот табор, додека кај поразените со истиот број голови завршија Сичко и Турна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА