Германскиот ракометен гигант Кил го откажа словенечки Целје од нокаут фазата во Лигата на шампионите откако вечерва во натпревар од претпоследното 13. коло во групата Б славеше на домашен терен со 39-27.
Младиот тим од Словенија одигра солидно прво полувреме и по триесет минути игра имаше негатива од само два гола (17-15) против големиот фаворит. Германците заиграа на високо ниво во вториот дел и на крајот стигнаа до конечен триумф од 39-27. Прво име во таборот на победникот беше Магнус Ландин Јакобсен со девет гола, додека кај поразените по пет постигнаа Митја Јанц, Анте Иванкович и Матич Сухолежник.
На тимот од Целје не му одговараше ниту победата на дански Алборг над Елверум од 31-24 со која Данците си обезбедија пласман меѓу дванаесетте најдобри екипи на стариот континент. Феликс Клар со шест гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Даниел Бломгрен заврши со ист број погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА