Кил и Магдебург ремизираа и ја направија супер-интересна борбата за титула во Бундеслигата

Ракометарите на Кил и Магдебург одиграа без победник 34-34 во дерби натпреварот од 26. рунда од германската Бундеслига и ја направи крајно интересна борбата за титулата.

Првото полувреме помина во фуриозна игра на двете страни во која подобро се снајдоа гостите кои на пауза заминаа со позитива од три разлика (18-21). Во второто полувреме домаќинот заигра многу подобро и по десет минути играа успеаја да стигнат и до водство од 25-24.

Магдебург успеа да ги консолидира редовите и некаде на десет минути до крајот на мечот повторно да стигне до плус три (29-32). Кил повторно успеа да се врати и на минута и пол до крајот да израмни на 34-34. Следеше по еден неискористен напад на двете страни, а на 20 секунди до крајот гостите имаа шанса да стигнат до победа. Кајл Смитс погоди, но сепак задоцни и судиите не го признаа неговиот гол бидејќи беше постигнат по сирената.

Кај Смитс со десет гола беше најефикасен во таборот на гостите, додека кај домаќините еден помалку постигна Никлас Екберг.

Се вчитува...