Кил ќе биде домаќин на Ф4 турнирот во ЕХФ Купот

Тројниот освојувач на ракометната Лига на шампионите, Кил, ќе биде домаќин на завршниот турнир во ЕХФ Купот, одлучи Извршниот комитет на ЕХФ.

Ф4 турнирот во ЕХФ Купот ќе се одржи на 17 и 18 мај 2019 година. На 17 мај ќе се играат полуфиналните дуели, а на 18 мај се финалето и мечот за 3.место. Капацитетот на Шпаркасен Арена во Кил е 10.285 места.

Германскиот гигант сезонава прв пат се натпреварува во второто по ранг европско клупско натпреварување и важи за најголем фаворит за освојување на титулата.

Набрзо откако дознавме дека сезонава ќе се натпреваруваме во ЕХФ Купот, комунициравме и изразивме интерес да бидеме домаќини на завршниот турнир. Изминативе недели имавме многу конструктивна комуникација со ЕХФ и сега сме среќни што може да ги известиме бројните фанови во Кил дека ќе бидеме домаќини на овој настан“ – изјави спортскиот директор на Кил, Виктор Силаги.

Во февруари стартува групната фаза од ЕХФ Купот во која учествува и македонскиот преставник ЕУрофарм Работник како дел од група со Хановер, Татабања и Нексе.

Победниците од четирите групи ќе играат во завршницата за титулата во ЕХФ Купот. Ф4 турнирот во ЕХФ Купот ќе се одржи на 17 и 18 мај 2019 година. На 17 мај ќе се играат полуфиналните дуели, а на 18 мај се финалето и мечот за 3.место. Капацитетот на Шпаркасен Арена во Кил е 10.285 места.

Се вчитува...