Кил му го нанесе првиот пораз на Рајн Некар сезонава во Бундеслигата

Ракометарите на Кил му го нанесоа првиот пораз на Рајн Некар Левен сезонава во Бундеслигата откако во натпревар од осмото коло славеа на домашен терен со 32-29.

Гостите кои беа непоразени до овој меч одлично го отворија мечот и по првите 20 минути цело време имаа предност од два до четири погодоци. Сепак, Кил одлично ја одигра последната третина и на полувреме успеа да замине во егал (18-18).

Домаќините одиграа неверојатно во одбраната во вториот дел. Противникот го задржаа на само 11 погодоци и успеаја да стигнат до голем триумф во борбата за титулата сезонава во Бундеслигата. Ерик Јохансон со девет гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Гејнсхајмер заврши со седум погодоци.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...