Кил славеше над ПСЖ и го осигура пласманот на фајналфор турнирот во Келн, но триумфот беше скапо платен со повредата што ја заработи Хендрик Пекелер.
Пивотот на „зебрите“ и на германската репрезентација се повреди пред крајот на првото полувреме и веднаш стана јасно дека проблемот е сериозен. Деталните прегледи само потврдија дека станува збор за кинење на тетивата, по што Пекелер го очекува повеќемесечна пауза од терените.
„Хендрик Пекелер, еден од најдобрите дефанзивци во светот на ракометот, врескаше на теренот во 25. минута по еден дуел со Недим Ремили. Докторите ја потврдија дијагнозата – скината тетива и повеќе месеци без Пекелер на терените во дресот на Кил“, потврди германскиот ракометен гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА