Кил го совлада Холстебро со 32-26 и ја оправда фаворитската улога во првиот полуфинален натпревар на фајнал-форот во ЕХФ купот. Домаќините на турнирот во текот на целиот меч ја имаа предноста. Во првото полувреме данскиот претставник беше рамноправен противник, а на полувреме германскиот гигант замина со само два гола предност (16-14). Во второто полувреме поранешниот европски шампион ја засили играта и во напад и во одбрана и со рутинска игра успеа да стигне до конечен триумф од 32-26.
Најдобар поединец во победничкиот табор беше Никлас Екберг со 6 гола, а 4 пати во листата на стрелците се запишаа Вајндхолд, Пекелер и Нилсон. Кај Холстебро најефикасен беше Магнус Браминг со 7 гола.
Во второто полуфинале кое е со почеток во 20:45 часот се среќаваат Фуксе Берлин и Порто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА