Ракометарите на Кил го освоија третото место во овогодинешното издание на „Фанјл 4“ турнирот на Лигата на Шампионите во Келн откако во „натпреварот кој никој не посакува да го игра“ славеа против Магдебург со 28-32 и тоа благодарение на блескавото прво полувреме во кое беше стекната предност од девет голови.
Кил одигра доминантно прво полувреме во кое рано го скрши отпорот на противникот и со мини серии стекна предност од убедливи 14-23. Магдебург се обиде да се врати во средбата во второто полувреме, но и покрај тоа што брзо ја преполови негативата немаше сили за целосен камбек и неизвесна завршница.
The 𝘇𝗲𝗯𝗿𝗮𝘀 take over the German derby and get the 𝗕𝗥𝗢𝗡𝗭𝗘 𝗠𝗘𝗗𝗔𝗟 🦓🥉 Who was @thw_handball key player? #ehffinal4 #ehfcl #clm pic.twitter.com/86Riz3yIEe
— EHF Champions League (@ehfcl) June 9, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА