Ракометарите на Е. Пелистер продолжуваат со настапи во Лигата на Шампионите со гостување против моќниот Кил. Германскиот гигант моментно е првопласиран во групата со 16 бода, наспроти „пелистерци“ кои имаат единаесет порази во низа од стартот на сезоната во ЛШ, но ракометарите на Кил јасно ставија до знаење дека нема да го потценат македонскиот првак.
Впрочем, причина за сериозен пристап е и првиот меч во Битола каде Кил многу тешко стигна до триумф од 20-23, предупредување дека мора да се одигра максимално против Пелистер.
„Едно е јасно, Пелистер е подобар тим отколку што покажува табелата. Ќе играат без притисок, што ги прави опасни и затоа мораме да бидеме многу внимателни“, изјави Харалд Рајнкинд.
Младиот плејмејкер на „зебрите“, Елијас Елефсен а Скипаготу од Фарските Острови, исто така најавува максимално залагање на ракометарите на Кил на утрешниот.
„Знаеме што е влогот, ако победиме со Пелистер ќе останеме на првото место во групата. А тоа е нашата желба, да ја завршиме групната фаза како првопласирани. Затоа, нема да има никакво опуштање“, најави суперталентираниот бек во таборот на Кил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА