Во последните три натпревари од второто коло во групата А во Лигата на шампионите, во која убедливо на последната позиција по првите две кола е Е. Пелистер, очекувани победи на Кил, Кјелце и ПСЖ.
Кил на домашен терен триумфираше со 35-32 против ПИК Сегед, во меч во кој најефикасен во германскиот тим беше Екберг со седум погодоци.
Кјелце, пак, на гостински терен го победи Колштад со 30-32, во израмнет меч во кој Полјаците беа многу подобри во првото полувреме добивајќи го со 11-17. Но, Колштад се врати во игра во вториот дел, сепак не со доволно сили за пресврт. Полскиот репрезентативец Сичко беше најдобар во победничкиот тим со шест постигнати погодоци.
ПСЖ неочекувано се мачеше со Загреб, но на крај успеа да слави победа од 35-31. Полјакот Сипжак со осум гола ги предводеше Французите до посакуваната победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА