Фудбалерите на Кил ја остварија можеби најважната победа сезонава, откако во 32. коло триумфираа во дуелот против Аугсбург и на тоа на гостински терен со 1-3.
Со тоа сега Кил е само на еден бод од Хаденхајм, на местото кое носи пласман во баражот за опстанок, и во последните две кола ќе има вистинска битка за тоа место, додека Бохум се чини веќе нема шанси да обезбеди опстанок.
Фантастичната партија на Кил ја почна Махино со гол во 25. минута од средбата од пенал, а во 40. минута Бернардсон зголеми на 0-2. Истиот фудбалер во 51. минута донесе 0-3 за аутсајдерот, а Моние во 90. минута само успеа на намали.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

