Во драматичен натпревар во Унгарија, германски Кил го победи ПИК Сегед со 27-28 во 13. коло од Лигата на шампионите.
Сегед максимално успешно парираше на големиот фаворит. Домашните имаа и предност од 26-25 во финишот на натпреварот, но Кил успеа со пеколни последни минути да стигне до триумфот со пресврт.
Швеѓанецот Јохансон со осум гола беше најдобар поединец кај Кил, а Шостариќ со осум погодоци беше најдобар кај домашните.
Во Групата Б, ГОГ Гудме исто така во неизвесен меч ремизираше (32-32) со Висла Плоцк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА