Александар Омот Килде ќе ја пропушти целата скијачка сезона. Норвежанецот има големи проблеми со повредата на рамото и тоа е причината што годинава нема да биде на патеката.
„Нема да се натпреварувам, но целосно сум посветен на опоравување како би бил подготвен за следните предизвици“, напиша Килде.
Норвежанецот во 2020 година големиот Кристален глобус во сезоната во алпско скијање. На Олимписките игри во Пекинг во 2022 година освои сребро во комбинација и бронза во супер-џи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА