Норвежанецот Александер Омот Килде е победник на спустот за Светскиот Куп во алпско скијање во Вал Гардена, иако неговиот триумф остана под сенка на тешкиот пад на Швајцарецот Марк Гисин, којшто со хеликоптер беше пренесен во болница.
На патеката во италијанското скијалиште, 26-годишниот Омот Килде го оствари третиот триумф во кариерата, а втор во најбрзата дисциплина. Неговото време 1:56.13 беше за 86 стотинки подобро од резултатот на второпласираниот Австриец Макс Франц. Швајцарецот Беат Фојц на третото место заостана 92 стотинки. Вчерашниот славеник во супервелеслалом, Норвежанецот Аксел-Лунд Свиндал заврши седми.
Трката во Доломитите беше во прекин повеќе од половина час по спектакуларниот пад на Марк Гисин, којшто заработи тешки повреди и во несвест со хеликоптер беше пренесен во болница. Информациите се дека ја повратил свеста и дека е во стабилна состојба.
По три од девет трки сезонава, во спуст-поредокот водат Франц и Фојц со по 200 бода. Франц е нов лидер во генералниот пласман со 340 бода, пред Свиндал, којшто има 333.
Stravičan pad skijaša pic.twitter.com/3Y5LMrns4p
— Drustvene mreze (@drustvenidrug) December 15, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА