Норвешкиот скијач и минатогодишен победник на големиот „Кристален глобус“, Александар Омот Килде, ја заврши сезоната поради повреда на коленото. Килде ги повреди вкрстените лигаменти на десното колено за време на тренингот во супервелеслалом во Австрија и веќе беше опериран.
Александар поради повредата ќе го пропушти остатокот од сезоната на Светскиот куп, но и Светското првенство, кое е на програмата следниот месец. Норвежанецот во моментов е втор во генералниот пласман со 560 поени.
„По првиот преглед, лигаментот се чинеше дека не е повреден. За жал, скенерот покажа сосема поинаква слика. Она што се плашев се случи! Јас сум во добри раце, па се надевам дека сè ќе биде како што треба. Тешко е затоа што бев во одлична форма. Но, ќе се вратам посилен“, изјави Килде.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА