Александер Омот Килде по вчерашниот триумф во супервелеслаломот денеска славеше и на спуст трката во италијанската Вал Гардена. Норвежанецот до победата стигна со време 2:01.45 минута, што беше за 22 стоти делови од секундата Рајан Кохран Зигел, додека подиумот го надополни Беат Фојц од Швајцарија кој доцнеше 54 стотинки зад победничкото време.
Во женскиот спуст кој се возеше во францускиот Вал Д’Изер триумфираше Италијанката Софија Гоџија со време од 1:44.70 минута. Второто место и припадна на Корин Сутер од Швајцарија која доцнеше 24 стотинки, додека третопласирана со заостанување од 27 стотинки беше Бризи Џонсон од САД.
Утре мажите во Алта Бадија ќе возат велеслалом, додека дамите во Вал Д’Изер ќе возат супер-џи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА