Килијан Мбапе не им остави ниту најмала надеж на Пеп Гвардиола и Манчестер сити за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите комплетно „торпедирајќи“ го англискиот шампион на реванш дуелот од 1/16-финалето на „Сантијаго Бернабеу“.
Реал Мадрид славеше со 3-1, па со вкупно 6-3 продолжува понатаму во Европа, благодарение на „хет-трикот“ на Мбапе кој одигра феноменален натпревар.
Французинот најпрво стрелаше уште во 4. минута за 1-0, а потоа погоди и во 33. минута за 2-0.
На 3-0 Мбапе зголеми во второто полувреме со погодокот во 61. минута. Англичаните единствено преку Нико во 92. минута успеаја да го ублажат поразот за конечни 3-1.
Убедливо во осминафинале се пласираше и ПСЖ откако вечерва славеше со 7-0 во француската пресметка против Брест.
ПСВ и Јувентус низ продолженија во Ајндховен ќе одлучуваат околу последниот патник во осминафиналето, откако ПСВ во регуларниот дел победи со 2-1, идентично како што „Старата дама“ славеше на првиот натпревар во Торино.
ПСВ поведе со голот на Перишиќ во 53. минута. Откако Веа во 63. минута израмни на 1-1, Саибари во 74. минута повторно ги доведе Холанѓаните до предност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

