Килијан Мбапе е новата „10“ во Реал Мадрид

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Килијан Мбапе е новиот број 10 во Реал Мадрид, објави кралскиот клуб на својата веб-страна.

По заминувањето на Лука Модриќ имаш многу гласини за тоа кој ќе го доби дресот со број 10, и на крајот изборот падна на француската ѕвезда.

Се очекува „кралевите“ веќе утре да го стават на продажба новиот дрес кој дефинитивно ќе сака да го има секој фан на овој клуб.

Цената ќе се движи од 125 евра до 175 евра, но и тоа нема да биде проблем за вистинските навивачи на клубот од главниот град на Шпанија.

Се вчитува...