Килијан Мбапе е првиот освојувач на „Копа Трофеј“

Репрезентативецот на Франција и фудбалер на Пари Сен Жеремен, Килијан Мбапе, е освојувач на признанието за најдобар млад фудбалер во 2018 година. Наградата која се нарекува „Копа Трофеј“ се доделува првпат оваа година и е наменета за фудбалери помлади од 21 година.

19-годишниот Мбапе е меѓу кандидате и за главното признаие „Златна топка“. Тој имаше одлично изданија во дресот на француската репрезентација изминатото лето на Светското фудбалско првенство во Русија, а има одлична сезона и со ПСЖ.

 

Се вчитува...