Килијан Мбапе со два гола го предвоеше Реал Мадрид до триумф на гостувањето кај Вилјареал во дербито на 28. коло од шпанското првенство при што испиша историја во францускиот фудбал.
Дваесетишестгодишникот сега е единствениот Французин кој постигнал најмалку 30 голови во сезоната, шест години во низа.
Во сезоната 2019/20 Мбапе постигна 30 голови, во 20/21 запиша 42 голови зад своето име, во сезоната 21/22 постигна 39 голови, 41 гол постигна во сезоната 22/23, 45 во сезоната 23/24.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА