Се чини дека само формалности го делат Реал Мадрид да го официјализира новото огромно засилување со ангажман на Килијан Мбапе, но францускиот репрезентативец не е едиствениот кој Флорентино Перез сака да го види на „Сантијаго Бернабеу“ следната сезона. Шпанскиот клуб веќе подолго време имаа проблем на позицијата лев бек. Менди постојано се мачи со повреди, а и кога е теренот не игра константно на високо ниво па оваа улога ја пополнува Камавинга кој сепак не е лев бек.
Со цел да се надминат проблемите Перез го насочи погледот кон Баерн Минхен и Алфонсо Дејвис. Договорот на канадскиот репрезентативец со германскиот клуб завршува на крајот на следната сезона, а засега преговорите не се одвиваат во добар тек па Реал Мадрид ќе се обиде да профитира од целата ситуација.
Последните информации говорат дека Дејвис веќе ги има договорено сите услови со „кралевите“. Тој ќе се пресели во Мадрид, во јули 2024 или една година подоцна како слободен играч, па сега притисокот е врз баварскиот гигант за веднаш по завршувањето на сезонава да ги договори условите и да избегне да му се повтори „случајот Алаба“.
Перез за ангажман на фудбалерот кој е дел од Баерн Минхен од 2019 година е подготвен да издвои 40 милиони евра, Баерн според првите информации бара 50 милиони евра за офанзивниот бек, па се очекува двата европски гиганта да најдат заеднички јазик и Канаѓанецот на почетокот од летото да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

