Француската суперѕвезда Килијан Мбапе одби секаква дискусија со претставниците на Ал-Хилал кои вечерва стигнаа во Париз како би го натерале да потпише со клубот. Саудискиот клуб достави понуда од 300 милиони евра до ПСЖ за да се обиде да го ангажира напаѓачот.
Додека делегацијата на саудискиот клуб Ал-Хилал, присутна во Париз во средата за да го финализира доаѓањето на Бразилецот Малком, се надеваше дека ќе може да му го претстави својот проект на Килијан Мбапе, овој пристап нема да успее.
Килијан Мбапе навистина одби каква било дискусија со претставниците на саудискиот клуб.Првата ѕвезда на „светците“ никогаш не размислувал за оваа опција и не ни сакал да седне на преговори со претставниците на клубот. Ал-Хилал достави понуда од 300 милиони евра до ПСЖ, која го овласти клубот директно да преговара со напаѓачот.
Со ова Мбапе покажа дека не е се во парите и одговори со историско „НЕ“ за саудиските милијардери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

