Ким Клајстерс по осум години му се враќа на тенисот

Една од најомилените светски тенисерки на сите времиња, Ким Клајстерс, е подготвена да му се врати на овој спорт на почетокот од 2020 година. Клајстерс пред осум години ја прекина кариерата за да се посвети на семејството, но откако роди три деца посака повторно да се проба на тениските терени.

„Се уште го сакам тенисот, љубовта кон спортот е тука, прашањето е дали сум способно да играм на нивото на кое посакувам. Не се чувствувам како да морам да се докажувам, едноставно ова е мој маратон, сакам да се обидам и да видам како ќе одат работите“ – истакна Клајстерс.

Ова ќе биде втор камбек на белгиската тенисерка, која во 2005 година се повлече, за две години подоцна да се врати и повторно да се искачи на врвот на ВТА-листата.

Се вчитува...