Ким Мин-Јае заминува од Баерн, сака да игра во Премиерлигата

Баерн Минхен би можел да остане без стопер, бидејќи Ким Мин-Јае сака да се проба во Премиерлигата. По две сезони со Баварците, не би било изненадување да се види Ким Мин-Јае како го напушта клубот.

Стоперот од Јужна Кореја би сакал да се приклучи на Премиерлигата, а како што пренесува „Фут Меркато“, Њукасл и Челси го чекаат моментот да тргнат по него. Тие два клуба веќе разговарале со неговите претставници и се оди во позитивна насока.

Не треба да се исклучи дека може да добие повик од Серија А, бидејќи минатото лето Интер имаше амбиција да го доведе.

Сепак, желбата на Ким е да се проба во Премиерлигата, што на тамошните клубови им дава почетна предност.

Сезонава одигра 42 натпревари и постигна три гола. Баерн го донесе пред две години за 50 милиони евра од Наполи.

Се вчитува...