Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели ја освои пол-позицијата пред втората спринт трка во сезоната во Формула 1, која се вози како дел од Големата награда на Мајами.
Младиот Италијанец направи големо изненадување на првиот ден од својот шести тркачки викенд во кариерата, со брилијантно време на круг од 1:26.482 минути. На 19-годишна возраст, Антонели стана најмладиот освојувач на пол-позиција во историјата на Формула 1, било да е тоа главна или спринт трка.
Антонели стигна до пол-позицијата со 45 илјадитинки предност пред Оскар Пјастри во Мекларен. Од вториот ред ќе стартуваат Ландо Норис и Макс Ферстапен. Во топ 10 се најдоа уште и: Расел, Леклер, Хамилтон, Албон, Хаџар и Алонсо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

