Возачот на Ферари, Кими Раиконен, обвинет е за сексуално вознемирување за време на Ф1 трката во Монтреал во 2016 година. Финецот го пријавила неименувана жена која тогаш работела како конобарка во еден бар во Монтреал.
Според обвинението, Раиконен против нејзина волја ја допирал по градите, додека другите од неговото друштво ја допирале по интимните делови додека кога им ја донела сметката на маса.
Аферата беше обелоденета во канадските медиуми според кои Раиконен ги отфрлил обвиненијата за сексуално вознемирување и злоставување и тврди дека воопшто не ја познава дотичната жена. Но, случајот најверојатно ќе има судска разврска.
Финскиот возач веќе во наредните денови треба да отпатува за Канада бидејќи на 10 јуни во Монтреал се вози трката за ГН на Канада.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА