Џошуа Кимих и дефинитивно е на излезна врата од Баерн Минхен. Договорот на Германецот со клубот истекува на лето, па засега не е сигурно дека ќе остане во Минхен. Пред неколку дена Билд објави дека баварскиот клуб ја повлекол последната понуда што ја испратиле до Кимих за продолжување на договорот, а тие изјави ги потврди спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл.
По натпреварот меѓу Штутгарт и Баерн (1-3), Елбер проговори за тоа дали клубот може да си дозволи да го пушти Кимих.
„Всушност, никој не е над клубот! Ако некој играч одлучи поинаку, тогаш тој така одлучил. Во тој случај, Баерн ќе продолжи понатаму. Имаше одлични играчи овде во Баерн кои на крајот мораа да го напуштат клубот бидејќи не можеа да постигнат договор и нивните договори истекоа“, изјави Елбер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

