Кимих: Децата ме спасија од депресија после неуспехот во Катар

Германија беше елиминирана уште во групната фаза на Мундијалот во Катар. Германците потфрлија и загубија од Јапонија, освоија бод со Шпанија, а беа подобри од Костарика, но и тоа не беше доволно да продолжат во нок-аут фазата.

Фудбалерот Џошуа Кимих, кажа дека децата го спасиле да не падне во депресија после болната елиминација на неговата селекција. Тој после Мундијалот кажа дека се плаши да не падне во „психолошка дупка“, како што било тоа после Мундијалот во Русија.

„Но на крајот не паднав во дупка, а за тоа се заслужни моите деца. Со нив е тешко да паднеш во дупка, имате други работи да правите со нив“, рече Кимих.

Се вчитува...