Кимих е на излезна врата од Баерн Минхен

Џошуа Кимих ќе ги разочара челниците и фановите на Баерн Минхен и летово ќе си замине од „Алијанц Арена“, и тоа како слободен играч ако се знае дека договорот со баварскиот гигант му истекува на 30 јуни. Преговорите за продолжување на соработката траеја долго и се чинеше дека се во завршна фаза, но ситуацијата се смени за миг – откако раководството на Баерн реши да ја повлече понудата што ја имаше доставено до Кимих и неговиот агент.

Баварците сметаат дека таа понуда била и повеќе од добра за да биде прифатена, а одолговлегувањето на Кимих го гледаа како можност за да си ги зголеми побарувањата во преговорите со останатите заинтересирани клубови. Баерн не ги прекинува преговорите, но од Минхен стигнуваат најави дека новата понуда ќе биде пониска од онаа претходната, со што е речиси невозможно да биде прифатена од страна на Кимих.

Германскиот репрезентативец истакнуваше дека сака да остане, но според медиумите ситуацијата се променила по новите договори што ги потпишаа Дејвис и Мусиала во последните петнаесетина дена. Двајцата првотимци добиле значително зголемување на платата и став на Кимих е дека како еден од капитените на тимот заслужувал уште повисока понуда, нешто со што раководството на Баерн не се согласува.

Доколку се случи тој да си замине од Баерн, најсериозни кандидати за негов потпис се Барселона, ПСЖ и Арсенал.

Се вчитува...