Кимих е новиот капитен на Германија

По пензионирањето на Тони Крос, Илкај Гундоган, Мануел Нојер и Томас Милер од германската репрезентација, нов капитен на селекцијата е Џошуа Кимих. Тој ја наследува лентата од Илкај Гиндоган, кој беше носител на лентата на ЕВРО 2024.

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Ридигер и напаѓачот на Арсенал, Каи Хаверц станаа него заменици.

Првиот настап на Кимих како капитен е против Унгарија во сабота во Лигата на Нации. Потоа Бундестимот ја продолжува својата кампања со натпревар против Холандија на 10 септември.

29-годишниот играч досега не бил официјален капитен, но неколку пати ја носел лентата по излегувањето на капитените на екипите. Дури 17 пати Кимих ја носеше лентата за Германија.

Се вчитува...