Кимих: Фудбалерите не треба да се занимаваат со политика

Капитенот на фудбалската репрезентација на Германија, Џошуа Кимих вели дека тој и неговите соиграчи не требало да „искажуваат политички мислења“ за време на Светското првенство во Катар во 2022 година.

Откако Светската фудбалска федерација (ФИФА) се закани дека ќе ги санкционира играчите кои ги носеа лентите со поддршка за ЛГБТ заедниците, германската репрезентација ги стави рацете на уста за време на екипната фотографија пред првиот меч со Јапонија.

Зборувајќи пред претстојните натпревари на Германија во Лигата на нации, Кимих рече дека жали што го направил тој гест во тоа време.

„Генерално, ние играчите треба да се залагаме за одредени вредности, особено како капитен на репрезентацијата. Но, не е наша работа да се мешаме во политика и да се занимаваме со неа“, изјави Џошуа Кимих.

Се вчитува...