Џошуа Кимих најверојатно нема да го напушти Баерн Минхен, и ќе остане дел од „Баварците“ до крајот на кареирата, откако се согласил на нов договор со тимот од Минхен.
За Кимих заинтересиран беше тимот на ПСЖ, кој веќе имаше и договор со десниот бек, меѓутоа тој се премислил и веќе пружил рака на сегашниот негов тим за нова соработка. Кимих е веќе 10 години дел од „Баварците“, и во отсуство на Нојер тој е капитен на тимот.
Договорот на Кимих истекува на крајот на годината, и се очекува во следните денови истиот да биде продолжен, со што и дефинитивно ПСЖ ќе остане без посакуваното засилување. За германскиот репрезентативец беше заинтересиран и тимот на Барселона, односно Ханс Флик кој одлично го познава од времето кога ги водеше „Баварците“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

