Капитенот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих го нарече „логично“ испаѓањето на својот тим од Лигата на шампионите. Тимот од Минхен беше поразен од Интер во 1/4 финалето, откако на реваншот беше 2-2, а на првиот меч Интер победи со 1-2.
Кимих кажа дека за нешто повеќе, тимот не смее да биде толку многу ранлив како што е во моментов, и дека не смее да си дозволи толку многу порази. Дефанзивецот се надеваше дека неговиот тим ќе биде домаќин во финалето, со оглед дека се игра во Минхен.
„Премногу порази имавме. Во одреден момент елиминацијата мораше да се случи. Да бидам искрен, имавме и среќа што стигнавме до тука со оглед дека имавме многу порази. Мора да бидеме поефикасни и да не им дозволуваме на противниците толку многу олови. Особено на ваквите големи натпревари“, рече играчот од средниот ред.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА