Кимих: Не треба да спиеме на увото дека ќе ја надоместиме како лани негативата во шампионската трка

Германскиот шампион Баерн Минхен се наоѓа дури на седмото место на табелата во Бундес – лигата по 14 одиграни кола и има седум бода негатива во однос на лидерот Борусија Менхенгледбах од која загуби изминатиот викенд. Тоа е знак да се запали алармот на „Алијанц арена“, а прв кој беше самокритичен за целиот тим е Џошуа Кимих.

Германскиот репрезентативец жестоко распали по соиграчите и истакна дека не треба никој во Баерн Минхен да мисли дека се уште е рана фаза од шампионатот и негативата може лесно да се надомести.

„Ако ни успеа лани, не значи дека така лесно ќе ни успее и оваа сезона. Не треба да спиеме на увото дека ќе ја надоместиме лесно негативата во шампионската трка. Мораме да бидеме самокритични и да признаеме дека можеме многу подобро од тоа што го даваме во моментот. Треба напорно да работиме и да ја вратиме потребната форма“, изјави Кимих.

Баерн Минхен нанижа да последовни порази, од Баер Леверкузен на домашен терен и од Борусија Менхенгладбах на гости.

Се вчитува...