Баерн Минхен ова лето би можел да остане без својот фудбалер Џошуа Кимих. Тој има договор до следното лето, но би можел веќе од следната сезона да има нов клуб.
Според германските медиуми, Баерн Минхен е подготовен да го продаде за 50 милиони евра. Од Баерн само би сакал да замине во Ливерпул, Арсенал, Реал Мадрид или Барселона, во зависност од тоа кој ќе понуди подобри услови.
Кимих е дел од Баерн веќе девет години. За него силно заинтересирана беше Барселона. Досега играше како централен играч за врска и бек. За „Баварците“ има 390 натпревари, 42 гола и 104 асистенции, а освои 20 трофеи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА